Екипата на Линц успеа да ја освои 8-та шампионска титула во Австрија, откако против Алпла Хард победи со 2-1 во финалната серија.
На третиот финален натпревар меѓу двете екипи, регуларниот дел од натпреварот заврши нерешено, 27:27, додека во продолженијата Линц имаше повеќе среќа и дојде до победа од 31:30.
Линц последната титула во австрискиот шампионат ја имаше освоено во далечната 1996 година и цели 28 години чекаше повторно да се искачи на домашниот трон.
Свој придонес во освојувањето на титулата имаше и екс членот на Тиквеш, левиот бек Арнад Хамзиќ, кој иако има 30 години, се уште игра како во одлична форма.
Босанскиот интернационалец во сезона 2022/23 го носеше дресот на тимот од Кавадарци и беше еден од најдобрите стрелци во Супер лигата.
Шампионското место на Линц му носи и директен пласман во групната фаза од Лигата на Европа, но не е исклучена можноста новиот австриски првак да аплицира за вајлд-карта за ЛШ.