Екс бомбардер на Металург ќе игра и во петтата деценија!

Поранешниот ракометар на Металург, Јанко Божовиќ, не размислува за пензија, и покрај тоа што веќе влегува во петтата деценија од животот.

Искусниот десен бек потпиша договор со амбициозниот Ал Салмија од Кувајт и ќе продолжи со активна кариера на 40 години.

Божовиќ е добро познат на македонската публика, особено по неговите импресивни настапи за Металург во сезоната 2015/16, кога на само десет натпревари во Лигата на шампионите постигна 71 гол.

Во својата богата интернационална кариера настапуваше за реномирани клубови како Фуксе Берлин, Спортинг Лисабон, Гумерсбах, Мешков Брест…

Јанко е син на легендарната ракометарка на Хипо, Станка Божовиќ – име кое остави силен печат во историјата на европскиот женски ракомет.

Новата авантура во Кувајт ќе биде уште едно поглавје во импресивната кариера на Божовиќ, кој претходно играше за Сулаибикат од истата држава.