Екс бек на Вардар се врати во татковината

Поранешниот десен бек на Вардар, Ашраф Маргели, во новата сезона ќе настапува во татковината.

Тој мина само една сезона во „црвено-црните“, не остави некој особен впечаток и вардарци решија да не ја продолжуваат соработката.

Маргели одново ќе игра во тимот на Есперанс, каде што играше пред да дојде во македонскиот шампионат.

Десниот бек покрај за Есперанс играше за Ал Калеј од Саудиска Арабија и за Ал Араби од Катар.