Дека одбраната носи победа и голманот е пола екипа се добро познати факти во ракомет, кои романската легенда Луминица Дину уште еднаш ги потенцираше во викендот -интервјуто за 24ракомет.
За играч кој мина само два ипол месеци во Македонија, Дину остава голема трага.
„Тоа е така затоа што ако една екипа има добар голман, сигурно ќе има високи резултати. Кога ќе примиш гол, тешко е кога ќе тргнеш од средина и градиш напад ’шест на шест’. Кога имаш добар голман, кој ќе одбрани и ќе фрли контра дали на крило, дали на друг играч кој е напред, тоа е најлесен гол и со такви лесни голови од полу-конта или контра се игра полесно. И затоа голманот игра голема улога.“
Целиот разговор со Дину прочитајте го подолу…
ИНТЕРВЈУ ЛУМИНИЦА ДИНУ: Македонија има ракометно срце, така беше и пред 22 години, така е и сега!