ЕХФ со жестока казна – двегодишна забрана и 25.000 евра за откажување од ЛШ!

Ракометниот Суд на ЕХФ донесе одлука во врска со повлекувањето на германскиот првак Лудвигсбург од Лигата на шампиони за жени за тековната сезона.

Во август 2025 година, клубот го информираше ЕХФ дека поради финансиски проблеми не може да учествува во натпреварувањето.

Според одлуката, Лудвигсбург е казнет со парична казна од 25.000 евра, а клубот доби и двегодишна забрана за настап во сите европски клупски натпреварувања, вклучително и квалификациите.

Дополнително, клубот, кој практично не постои, ќе мора да ги обештети сите страни за потенцијални штети предизвикани од ова повлекување.