По примерот на федерациите од другите спортови и ЕХФ се врти кон пазарот на Азија, Африка и останатите континенти, па во иднина нема да биде чудно ако неевропски тим игра во Лигата на шампионите.
Проширувањето на Лигата на шампионите на 24 тима донесе само десет сигурни места за ТОП 10 федерациите (повеќе прочитај ТУКА), додека сите останати места ќе бидат доделувани преку вајлд-карти.
Осум дополнителни места ќе бидат доделени како „апгрејд“ на тимови од федерации рангирани во ТОП 10, а четири вајлд-карти ќе бидат доделени на тимови од федерации кои немаат директно место во ЛШ, а во таа конкуренција ќе биде и македонскиот првак.
Две места или вајлд-карти ќе бидат доделени на осовојувачите на ЛШ и ЛЕ (ако немаат место според ранкингот или по претходните критериуми за вајлд-карти), а ЕХФ го задржува правото да додели вајлд-карта и на неевропска екипа, доколку има заинтересирани.
Ова би можело да биде шанса за амбициозни тимови како Замалек, Ал Ахли, Бурган, Kувајт Спорт…да се пробаат со најдобрите европски екипи, а ЕХФ да привлече спонзори од богатите држави.
Македонија без директно место во проширената ЛШ – шампионот ќе бара валјд-карта!

























