Европската ракометна федерација ги потврди шеширите со репрезентациите пред ждрепката за континенталниот собир.
Македонија ќе биде дел од третиот шешир откако го освои второто место во групата со Шпанија, Литванија и Азербејџан, заедно со селекциите на Хрватска, Србија, Словенија, Полска и Исланд.
Најдобра варијанта за Македонија би било да ги добие Австрија или Швајцарија од вториот шешир, како и некоја од селекциите што дојдоа како третопласирани од квалификациите, а се наоѓаат во последниот шешир – Португалија, Турција, Фарски Острови…
Од првиот шешир нема избор, па сигурно ќе добиеме некоја трофејна репрезентација со одличја од големите натпреварувања.
Ждрепката за групите на ЕП 2024 што ќе се игра во Австрија, Унгарија и Швајцарија од 28 ноември до 15 декември, ќе се одржи на 18 април.