ЕХФ потврди – еве од кој шешир Македонија ја чека ждрепката за ЕП

На 15 мај во данскиот град Хернинг ќе се одржи ждрепката за Европското првенство 2026 што ќе се игра во Данска, Норвешка и Шведска.

Вкупно 24 селекции, од кои 20 преку квалификации обезбедија пласман на континенталниот собир, ќе ги дознаат своите ривали во групната фаза.

Врз основа на рејтингот и на пласманот во квалификациските групи, но и пропозициите на ЕХФ за носителите, Македонија се најде во третиот шешир.

Најпрво ќе се влечат селекциите од вториот шешир, па оние од првиот, па последниот и дури на крај се репрезентациите од третиот шешир, меѓу кои и Македонија.

ЕП 2026 ќе се игра од 15 јануари до 1 февруари.

ЕП 2026, ждрепка, шешири:

шешир 1: Франција, Данска, Шведска, Германија, Унгарија, Словенија
шешир 2: Португалија, Норвешка, Исланд, Хрватска, Шпанија, Фарски Острови
шешир 3: Австрија, Холандија, Црна Гора, Чешка, Полска, Македонија
шешир 4: Грузија, Србија, Швајцарија, Романија, Украина, Италија