ЕХФ отвори случаи против тимовите од Автокоманда и Атина!

Европската ракометна федерација денеска ги собра сите изјави и информации и ги достави до своите правни тела, кои веќе отворија процес против финалистите на ЕХФ Европскиот Куп – „сино-белите“ од Автокоманда и АЕК Атина.

ЕХФ беше принудена на ваков чекор по откажувањето на вториот финален натпревар што требаше да се игра на 25 мај во СЦ „Борис Трајковски“.

Натпреварот беше откажан непосредно пред почетокот, кога играчите на АЕК Атина одбија да излезат на теренот.

ЕХФ ги разгледува сите аспекти на ситуацијата и ќе преземе соодветни мерки во согласност со своите регулативи, се вели во соопштението.

Овој инцидент предизвика големо внимание во ракометната заедница и јавноста, а се очекува ЕХФ да донесе конечна одлука во наредните денови.

Нашиот тим го доби првиот натпревар одигран во Атина со 29-25 и се наоѓа(ше) на чекор до трофеј.

Финалето на ЕХФ Купот откажано – АЕК Атина одби да игра во Скопје!