ЕХФ ќе „пресече“ кој оди во полуфинале – Партизан или АЕК Атина?

Европската ракометна федерација до среда ќе ја донесе одлуката кој тим – Партизан или АЕК Атина ќе се пласира во полуфиналето на Европскиот Куп.

Реванш средбата во Белград не се одигра откако навивачите на домашниот тим со топовски удари на теренот ги принудија гостите да се повлечат во соблекувалната.

По скоро два часа чекање, беше донесена одлука дека нема услови за игра и мечот беше откажан. Иако Партизан му понуди на АЕК да се игра и пред празни трибини, сепак раководството на грчкиот тим не сакаше по никоја цена да игра.

Сега е на потег ЕХФ. Делегатот од Словачка, Петер Дворски, денеска ќе го испрати својот извештај во Виена, како и двата клуба. И Партизан и АЕК Атина сметаат дека имаат „адути“ на своја страна и дека треба да поминат во полуфиналето.

ЕХФ има три опции. Да го регистрира мечот со победа за Партизан со 10-0, ако гостите не сакале да играат ниту пред празни трибини, да го регистрира со 10-0 за АЕК Атина ако смета дека домаќинот не обезбедил услови за игра, или можеби да го регистрира со 5-5 ако смета дека двата тима се во право.

Тоа би му одело во корист на грчкиот тим, кој славеше во првата средба со 27-22. Во полуфиналето својот ривал го чека Извиѓач Љубушки, додека во втората полуфинална средба ќе играат „сино-белите“ од Автокоманда против норвешкиот Рунар Сандефјорд.

🎥 Хаос во Белград: Полна сала го дочека АЕК, летаа топовски удари, стартот доцни…

Мечот Партизан – АЕК не се одигра!