Ракометниот судот при ЕХФ донесе нова одлука во врска со случајот отворен поради вториот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот Куп за мажи помеѓу македонскиот тим од Автокоманда и АЕК Атина, кој првично беше закажан за 25 мај 2025 година во Скопје.
Судот утврди дека тимот од Автокоманда бил должен да обезбеди фиксен број влезници за гостинскиот клуб. Со тоа што не обезбедил доволно билети, но домашниот тим ги прекршил релевантните прописи на ЕХФ.
Поради ова, Судот за ракомет при ЕХФ одлучи македонскиот клуб да плати казна во износ од 5.000 евра за неисполнување на обврската да му додели на АЕК Атина соодветен број влезници.
Клубот има право на жалба до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од 7 дена.