Европската ракометна федерација на последниот состанок на Извршниот Комитет, ја потврди претходно најавената одлука – да се зголеми лимитот на возраста за судиите.
Ако досега арбитрите можеа да судат до 50 години во европските купови, од 1 јули границата ќе се зголеми до 55 години.
Но ќе има посебни услови за „новата возрасна категорија 50-55“ што ќе треба да бидат исполнети, а нив допрва ќе ги потврди Судиската Комисија и Комисијата за европските натпреварувања.
Ако претходната возрасна граница значеше крај на интернационалната кариера на Николов (1975) и Начевски (1978) веќе следната година, сега со новиот лимит, тие би можеле да судат до 2030 година.