ЕХФ ја одби жалбата на Келце

Европската ракометна федерација, oдносно ракометниот Суд, донесе одлука за жалбата на полскиот Келце за арбитражата на дуелот со европскиот првак Магдебург.

Келце се жалеше во ЕХФ за одлуката на судиите во 59:56 минута, кога место чист зицер на Каралек, играта беше вратена со фаул на девет метри.

ЕХФ тврди дека одлуката на арбитрите е донесена според правилата на ракометната игра и се смета за конечна.

Ако Келце тогаш постигнеше погодок, тоа ќе значеше пласман на завршниот турнир во Келн, но тоа не се случи и по ударите од седум метри Магдебург се пласираше на Ф4.

Келце поднесе жалба до ЕХФ за арбитражата со европскиот првак

🎥 Од Келце бесни на судиите – еве ја последната акција која носеше билет за Ф4

📷 Тешко му падна елиминацијата од ЛШ – Душебаев осамен во солзи…