ЕХФ и додели признание на РФМ

Европската ракометна федерација го затвори Изборниот конгрес во австрискиот Андау со доделување признанија за најуспешните федерации.

Меѓу оние што добија признанија е и ракометната федерација на Македонија, за успешната организација на ЕХФ натпреварувања во периодот од 2021 до 2025.

Покрај РФМ, признанија имаше и за Австрија, Азербејџан, Хрватска, Грузија, Унгарија, Црна Гора, Португалија, Словенија и Словачка.

Данската федерација доби специјално признание за „топ нација во европскиот ракомет“ за 2023 и 2024 година.