Европската ракометна федерација го објави официјалниот распоред за натпреварите од групната фаза во новата сезона од Лигата на шампионите.
Македонскиот првак Еурофарм Пелистер ќе стартува на домашен терен против хрватскиот Загреб, иако според првичниот распоред тоа требаше да биде со ПСЖ.
Покрај првото коло, нови датуми добија и дуелите од 2, 5, 13 и 14 коло против Барса и ПСЖ, додека сите останати ќе се одиграат според претходно предвидениот план.
Европската ракометна федерација го потврди овој распоред по договорите со клубовите и носителите на ТВ правата.
Деновите во кои ќе се игра Лигата на шампионите се среда и четврток во термините од 18:45, односно 20:45 часот, а дополнително на крајот на јули ќе бидат потвдени саатниците за овие натпревари.
Лига на шампиони, група Б, распоред на натпревари:
1 коло, 10/11.09.2025, Еурофарм Пелистер – Загреб
2 коло, 17/18.09.2025, ПСЖ – Еурофарм Пелистер
3 коло, 24/25.09.2025, Еурофарм Пелистер – ГОГ Гудме
4 коло, 08/09.10.2025, Висла Плоцк – Еурофарм Пелистер
5 коло, 15/16.10.2025, Еурофарм Пелистер – Барселона
6 коло, 22/23.10.2025, Магдебург – Еурофарм Пелистер
7 коло, 12/13.11.2025, Еурофарм Пелистер – ПИК Сегед
8 коло, 19/20.11.2025, ПИК Сегед – Еурофарм Пелистер
9 коло, 26/27.11.2025, Еурофарм Пелистер – Магдебург
10 коло, 03/04.12.2025, Загреб – Еурофарм Пелистер
11 коло, 18/19.02.2026, Еурофарм Пелистер – Висла Плоцк
12 коло, 25/26.02.2026, ГОГ Гудме – Еурофарм Пелистер
13 коло, 04/05.03.2026, Еурофарм Пелистер – ПСЖ
14 коло, 11/12.03.2026, Барселона – Еурофарм Пелистер