Ракометарите на Вардар ги очекуваат дуелите од главната рунда од Лигата на Европа, а таму во групата 3 ќе ги чекаат германскиот Мелсунген и португалската Бенфика.
Европската ракометна федерација го потврди распоредот, а иако според првичниот распоред, вардарци требаше да стартуваат дома со Мелсунген, сепак тоа нема да биде случај.
Поради четирите германски клубови во оваа фаза и за да нема поклопување на термините, ЕХФ го промени распоредот. Вардарци на стартот ќе патуваат во Лисабон, па ќе го пречекаат Мелсунген, потоа Бенфика, а на крајот од главната рунда ќе гостуваат кај Роберто Парондо во Мелсунген.
Сите натпревари во Касел, Лисабон и Скопје, македонскиот вицепрвак ќе ги игра во вечерниот термин од 20:45 часот.
На табелата, Мелсунген е прв со четири бода, Вардар е втор со два, Кристијанштад е трет со исто толку, додека Бенфика нема бодови на последното место.
Распоред на натпревари, Лига на Европа, главна рунда:
17/02, 20:45, Бенфика – Вардар
24/02, 20:45, Вардар – Мелсунген
03/03, 20:45, Вардар – Бенфика
10/03, 20:45, Мелсунген – Вардар
























