ЕХФ го казни Еурофарм Пелистер

Европската ракометна федерација го казни македонскиот шампион Еурофарм Пелистер со парична казна од 6.000 евра.

Поради наводно расистичко и несоодветно однесување на навивачите за време на дуелот со данската Фредериција од 8 коло во Лигата на шампионите.

Судот на ЕХФ утврдил дека битолските навивачи расистички навредувале ракометари на гостинската екипа.

Во паричната казна од 6.000 евра има дел од 1.000 евра, кои ќе бидат активирани ако се повтори случајот во следните две сезони.