ЕХФ го избра идеалниот тим на сезоната

Европската ракометна федерација го објави идеалниот тим на сезоната во женска конкуренција, откако ги сумираше сите гласови.

Играчи, тренери, новинари и фанови, сите гласаа пет дена и имаат удел по 25% во вкупниот број на гласови.

Беа номинирани по шест ракометарки на секоја позиција, а од идеалниот тим ЕХФ ќе го избере МВП на сезоната.

Името на најкорисната ракометарка ќе биде објавено на 27 јуни на ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите.

Идеален тим на сезоната, 2024/25, жени:

лево крило: Клое Валентини (Мец/Франција)
лев бек: Естел Нзе Минко (Ѓер/Франција)
среден бек: Хени Реистад (Есбјерг/Норвешка)
десен бек: Дион Хаусер (Ѓер/Холандија)
десно крило: Викторија Ѓери Лукач (Ѓер/Унгарија)
пивот: Кари Братсет Дале (Ѓер/Норвешка)
голман: Катрин Лунде (Оденсе/Норвешка)
дефанзивец: Кари Братсет Дале (Ѓер/Норвешка)