ЕХФ ги потврди саатниците за ЕП – еве кога ќе игра Македонија

Европската ракометна федерација ги потврди саатниците и термините за натпреварите од Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Македонија ќе игра во „Јуске Банк Боксен“ во данскиот град Хернинг против домаќинот Данска, Португалија и Романија.

Првиот меч е на 16 јануари, а ќе се игра од 20:30 часот против Данска, додека другите две средби ќе се играат на 18 и 20 јануари.

Натпреварите против Португалија (18 јануари) и Романија (20 јануари) се закажани со почеток во 18:00 часот.

Дуелите од главната рунда ќе се играат во термините од 15:30, 18:00 и 20:30 часот, полуфиналните средби се закажани за 17:45 и 20:30, додека мечот за третото место е од 15:15, а финалето од 18:00 часот.