Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од второто коло во Европскиот Куп.
Тимот на Охрид ќе се соочи со романската Потаиса Турда, а првиот меч ќе се одигра на 19 октомври во СРЦ „Билјанини Извори“ од 19:00 часот.
Овој дуел им е доверен на словенечките арбитри Пуксиќ и Сатлер, додека делегат е Генчев од Бугарија.
Реваншот ќе се одигра на 26 октомври во „Турда Арена“ од 17:00 часот, а ќе го судат Панајидес и Андреу од Кипар, а делегат ќе биде Хашани од Косово.
Охриѓани веќе ги пуштија билетите во продажба за натпреварот в сабота, а тие се продаваат по популарна цена од 250 денари.
Охриѓани ја стартуваат евро-сезоната, билетите се во продажба