ЕХФ ги објави номинациите – шестмина останаа во трка по „МВП на сезоната“

Европската ракометна федерација денеска ги објави тројцата ракометари и трите ракометарки кои останаа во конкуренција за ЕХФ играч на сезоната 2023/24.

Кај мажите во конкуренција се Дика Мемд (Франција/Барселона), Емил Нилсен (Данска/Барселона) и Магнус Саугструп (Данска/Магдебург).

Кај дамите во конкуренција останаа Стине Офтедал (Норвешка/Ѓер), Клое Валентини (Франција/Мец) и Лине Хаугстед (Данска/Ѓер).

Шесте играчи беа дел од идеалниот тим на сезоната што беше објавен на 27 јуни, а за кој гласаа играчите, тренерите од ЛШ, медиумите и фановите.

МВП на сезоната во двете конкуренции ќе биде објавен на 14 декември на гала вечер пред финалето на ЕП 2024 во Виена.

Специјални признанија од ЕХФ за настапите на Олимписките игри добија норвешката голманка Катрине Лунде и данскиот десен бек Матијас Гидсел.