ЕХФ ги казни Србија и Словенија

Ракометниот Суд на Европска ракометна федерација парично ги казни федерациите на Србија и Словенија.

Србите беа казнети поради тоа што не пристигнале на време за процедурата пред мечот од квалификациите за ЕП 2026 против Шпанија во Краљево.

Поради нивното доцнење, натпреварот започнал со задоцнување, па ЕХФ ги казни со 2.000 евра.

Словенечката федерација е казнетa со 2.000 евра поради тоа што не обезбедила просторија за Анти-Допинг тестови за време на мечот меѓу Словенија и Србија од квалификациите за женското СП 2025 година.