ЕХФ делеше суспензии на ЕП – Сухолежник и Итуриза на „ладење“

Дисциплинската комисија на Европската ракометна федерација казни двајца ракометари поради црвените картони.

Словенечкиот кружен напаѓач Матиц Сухолежник, откако имаше неспортски фаул на мечот со Фарски Острови, доби суспензија од два меча и нема да игра против Шведска и Унгарија во главната рунда.

Португалецот Виктор Итуриза доби црвен картон во двобојот против домаќинот Данска и тој заработи суспензија.

ЕХФ го казни Итуриза само еден натпревар, па тој ќе го пропушти дуелот со Германија на 22 јануари.