ЕХФ делегираше арбитри за Македонија – Романија, еве кои ќе ни делат правда!

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од третото коло на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

За натпреварот меѓу Македонија и Романија, кој ќе го одлучи дали ќе остане жива надежта за главна рунда или се враќаме дома, ќе го судат едни од најдобрите европски судии.

Станува збор за словенечките арбитри Бојан Лах и Давид Сок, кои досега го судеа мечот меѓу Австрија и Шпанија.

Натпреварот меѓу Македонија и Романија се игра утре во „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг од 18:00 часот.