Полскиот интернационалец Павел Пачковски од наредното лето ќе има нов предизвик во богатата кариера.
Десниот бек ќе се пресели во јапонскиот тим Тојота Ауто Боди, кој е предводен од данскиот стратег Ларс Валтер.
30-годишниот Пачковски заминува од Келце и ќе игра за тимот на екс тренерот на Еурофарм Пелистер, што е лидер на табелата во Јапонија.
Полјакот освен за Келце и Висла Плоцк, играше за францускиот Данкерк, украинскиот Мотор Запорожје, унгарскиот Веспрем и белорускиот Мешков Брест.