Егзотичен трансфер: Чаир се засили со пивот од Парагвај

Тимот на Чаир го промовираше новото засилување на позицијата кружен напаѓач кое доаѓа од Парагвај.

Станува збор за Сабрина Фиоре, која ги имаше почетоците во Сан Хозе од Парагвај, а потоа градеше кариера во Бразил и Шпанија.

Во Бразил играше за Кариацикенсе и ААУ, а потоа беше дел од Калзада и Балонмано Маравиља.

Фиоре е репрезентативка на Парагвај на СП 2017 и на СП 2021, како и на првенството на Средна и Јужна Америка во 2021 година.

Претходно Чаир ги донесе голманката Ема Кирова, левото крило Мила Трајковиќ и левиот бек Изабела Фереира, а се врати и Марија Николовска.