Египетскиот Ал Ахли ќе бара вајлд-карта за Лигата на шампионите!

Откако во понеделникот беше обелоденото дека неевропски тимови ќе може да партиципираат во Лигата на шампионите, веќе беше повлечен првиот потег.

Египетскиот Ал Ахли веќе испрати допис до Европската ракометна федерација за да ги дознае сите процедури и услови што ќе треба да ги исполни за да биде дел од најелитното европско клупско натпреварување.

Од наредната сезона ЛШ ќе се игра со 24 тимови поделени во шест групи со по четири екипи, а две од 14 вајлд-карти, може да завршат кај неевропски тимови.

Египетскиот Ал Ахли е првиот што веднаш покажа интерес, а дали ЕХФ ќе му додели вајлд-карта, ќе биде познато во јуни 2026 година.