Шпанскиот интернационалец Едуардо Гурбиндо на лето ќе го напушти бундеслигашот Кил и ќе се пресели во Турција.
Тој потпиша договор со турскиот Бешикташ и ќе игра заедно со некогашниот соиграч од Барса, Седрик Сорендо, кој се пресели ова зима во Турција.
Гурбиндо дојде во Кил како замена за повредениот Вајнхолд, но немаше значајна улога во тимот на Филип Јиха. Денеска „зебрите“ го потврдија неговото заминување.
Шпанскиот десен бек потекнува од Портланд Сан Антонио, а преку Торевиеха и Ваљадолид стигна до Барселона.
Потоа пет сезони беше дел од францускиот Нант, пред да дојде во Вардар, каде што се задржа кратко и се пресели во романскиот Динамо Букурешт.