Европската ракометна федерација го објави рејтингот на федерациите за новата сезона во Лигата на Европа. Македонија има пад за две позиции, од 12 на 14 место, а тоа значи дека ќе добие директно место во второто по ранг европско клупско натпреварување.
Од сезоната 2026/27 во Лигата на Европа ќе играат 32 екипи поделени во осум групи по четири екипи, а таму ќе игра шампионот на Македонија.
Доколку македонскиот првак побара вајлд-карта за Лигата на шампионите и ја добие, тогаш директното место во групите од Лигата на Европа ќе го добие македонскиот вицепрвак.
36 места имаат свои места во ЛЕ, но бидејќи 12 екипи ќе добијат вајлд-карта за ЛШ, остануваат уште осум слободни места да бидат пополнети во ЛЕ.
Пет од тие слободни места ќе бидат доделени на оние што побарале вајлд-карта за ЛШ, а не ја добиле, но приоритет ќе имаат оние федерации што поради настап на екипите во ЛШ, ќе останат без претставник во ЛЕ.
Две вајлд-карти ќе бидат доделени (доколку има) барања од федерации што немаат гарантирани места во ЛШ и ЛЕ, а последното останато место ќе биде доделено без критериуми.

Македонија без директно место во проширената ЛШ – шампионот ќе бара валјд-карта!

























