Една од ѕвездите на Холандија пред трансфер во Гумерсбах

Репрезентативецот на Холандија, Кај Смитс, следната сезона би можел да има нов клуб во Бундес лигата, пишува „RTH Handball“.

Искусниот ракометар, кој пред една сезона се пресели во редовите на Фленсбург, најверојатно ќе го засили Гумерсбах.

Смитс својата кариера на интернационално ниво ја започна во Данска, во скандинавската земја беше член на Холстебро.

27-годишниот ракометар најдобрите партии, барем досега, ги имаше во бундеслигашот Магдебург, тим со кој ја освои Лигата на шампионите во сезона 2022/23.

Холанѓанецот одреден период беше надвор од терените поради здравствени проблеми, па поради тоа го пропушти Европското првенство ланската година.