Една од најталентираните млади ракометарки ќе игра за Вардар

Откако успеа да ја задржи скоро целата екипа од минатата сезона, тимот на Вардар го промовираше првото ново име во екипата.

Станува збор за левиот бек Ана Михајловска, која доаѓа од составот на Куманово и која има само 15 години.

Се работи за голем потенцијал и извонреден талент на македонскиот женски ракомет, висока е 182 см со одличен изграден удар, а настапува на левата бековска позиција.

Освен што ќе игра во сите младински категории на Вардар, ќе може да се стави на располагање и на Анжела Платон во првата екипа.

Од Вардар единствено си замина Сара Богојеска, додека сите останати ракометарки ја продолжија верноста и за наредната сезона.