Поранешната репрезентативка на Бразил, Барбара Аренхарт, иако има 38 години, ќе игра и во следната сезона.
Искусната голманка, која моментално го носи дресот на словенечкиот шампион Крим, потпиша договор со унгарскиот Мошонмаѓаровар.
Договорот ќе стапи на сила по завршувањето на тековната сезона, а двете страни се договорија на едногодишна соработка.
Бразилката од сезона 2021/22 го носи дресот на Крим, претходно беше дел од Будуќност, Вац, Баја Маре, Хипо, Бјасен…
Со репрезентацијата на Бразил на Светското првенство во Србија (2013) го освои златниот медал и беше избрана во ол-старт тимот за најдобра голманка.