Откако реши да се раздели со шпанскиот стратег Дани Гордо, турската федерација го промовираше новиот селектор.
Станува збор за Рој Камино Санчез, актуелен тренер на турскиот шампион Бешикташ, кој за првпат ќе се проба и во селекторска улога.
Тој трета сезона е на кормилото на Бешикташ и веќе му се познати условите во Турција, а претходно собираше искуство во Барселона, како дел од стручниот штаб на Чави Пасквал.
Турција е дел од квалификациите за ЕП 2026 во група со Германија, Австрија и Швајцарија, а по првите две кола има два порази.