Еден од најталентираните голмани се пресели во Автокоманда

Вториот тим од Автокоманда за пролетниот дел од сезоната се засили со младиот и талентиран голман од Прилеп, Михаил Ангелески.

Прилепчанецот во првиот дел од сезоната бранеше на неколку суперлигашки натпревари и се покажа во солидно светло, посебно на дуелот против Бутел.

Минатата сезона со добрите настапи си обезбеди место на поширокиот список за настап на Европското кадетско првенство во Црна Гора.

Ангелески дел од својата кариера ја мина во Битола, таму настапуваше во младинските категории на Еурофарм Пелистер 2.

„Витамините“ од Автокоманда обезбедија пласман во плеј-оф фазата во прволигашката конкуренција и ќе се борат да се вратат во елитата.

Луд финиш во Куманово – Ангелески херој на прилепчани