Раководството на еден од најскапите женски тимови, ЧСМ Букурешт, се пушти во потрага по нов тренер, откако изненадувачки од клупата замина Хеле Томсен.
Одлуката на Томсен да се повлече ги изненади челниците на клубот, но веднаш реагираа и му ја понудија функцијата на Адријан Василе, поранешниот тренер на тимот и човекот што добро го познава системот на шампионот на Романија, пишува ГСП.
Василе го предводеше ЧСМ Букурешт во периодот од 2019 до 2024 година, и дури петпати стигна до четвртфиналето на Лигата на шампиони.
Таму неговиот тим беше елиминиран од Мец, ЦСКА Москва, и двапати од Есбјерг. Во сезоната 2019/2020, четвртфиналето со Ѓер не се одигра поради пандемијата на коронавирусот.
Според романските медиуми, Василе веднаш го прекинал својот одмор и се вратил во Романија за да преговара со управата на клубот околу своето враќање на клупата.