ФОТО: РК Ерланген

Еден од најголемите таленти на радарот на Фленсбург

Еден од најголемите таленти, 19-годишниот Тим Гомел, би можел својата кариера да ја продолжи во Фленсбург, пишува германски „Билд“.

Десното крило е член на Ерланген, а со неговите одлични партии во Бундес лигата го привлекол вниманието на познатиот клуб.

Гомел во досегашниот тек од сезоната дадената шанса максимално ја искористи, најмногу покажа против Рајн Некар и Кил.

Младиот ракометар на натпреварот против Рајн Некар беше стрелец на шест гола, додека против „зебрите“ даде еден повеќе, односно седум.

Фленсбург на позицијата десно крило ги има на располагање Јохан Хансен и Аксел Хорген.