Еден од најдобрите светски тренери опција за селекторското место во Србија

Женската ракометна репрезентација на Србија обезбеди пласман на СП 2025, но напредокот не застанува тука. Откако селекцијата беше засилена со враќањето на дел од ветеранките, се размислува за нов чекор напред – ангажирање на врвен стручњак на селекторската функција.

Според информациите на „MaxBet Sport“, на мета на Ракометниот сојуз на Србија се наоѓа Емануел Мајонад – актуелниот тренер на францускиот Мец и еден од најценетите имиња во женскиот ракомет.

Мајонад е најпознат по тоа што во 2019 година ја предводеше женската репрезентација на Холандија до злато на Светското првенство во Јапонија, по што беше прогласен за најдобар тренер во светот. Во својата кариера четирипати е избран за најдобар тренер во Франција и двапати во Лигата на шампиони.

Во последно време се шпекулираше дека актуелниот селектор Бент Дал би можел да биде заменет со Бојана Поповиќ, но до таа промена не дојде. Сега се појавува уште посилна опција – иако на прв поглед изгледа неверојатно, можноста Мајонад да ја води и Србија паралелно со Мец не е исклучена.

Ангажман на стратег од таков ранг би бил сериозен потег за српскиот ракомет – чекор кој може да донесе нова енергија, визија и резултати.