Еден од најдобрите странци што играл во Македонија, Ренато Вугринец, во новата сезона му се врати на ракометот по пауза од неколку сезони, но во поинаква улога.
Поранешниот македонски и словенечки репрезентативец е промовиран како нов спортски директор на амбициозниот српски Партизан.
Најголемиот клупски успех во кариерата му е титулата во Лигата на шампионите со Целје во 2004, а со Словенија освои сребро на ЕП истата година.
Во Металург играше од 2012 до 2015 година и остави длабока трага во тимот од Автокоманда, а за Македонија настапи на СП во Катар 2015 година.
Во богатата кариера играше и за Магдебург, Хамбург, Портланд Сан Антонио, Марибор, како и израелските Макаби Ришон и Хапоел Ришон, каде заврши со активното играње.