Еден од најдобрите репрезентативци на Литванија, Гердас Бабарскас, одлучи својата кариера да ја продолжи во Германија.
Искусниот ракометар, кој игра на позицијата лев и среден бек и во два правци, ја прифати понудата на Бергишер. Бабарскас од 2018 настапуваше во Франција, таму го носеше дресот на Шамбери и на Екс ан Прованс.
Пред да се пресели во Франција беше дел од Битигхјам, клуб кој што се натпреваруваше во втората Бундес лига. Својата интернационална кариера ја започна во австрискиот Кремс.
Литванија е еден од ривалите на Македонија во рамки од квалификациите за пласман на Европското првенство 2026.
Освен Македонија, ракометарите на Литванија за ривали во квалификацискиот циклус ги имаат уште Естонија и Словенија.