Екипата на Ерланген поради лошите резултати во досегашниот тек од сезоната во Бундес лигата реши да ангажира големо засилување во своите редови.
Станува збор за еден од најдобрите репрезентативци на Исланд, Виго Кристијансон, кој во тимот на Ерланген ќе пристигне во вториот дел од натпреварувачката сезона 2024/25.
Искусниот Кристијансон од 2019-та година настапува во Бундес лигата, моментално го носи дресот на амбициозниот Лајпциг, а неговата интернационална кариера започна од данскиот Рандерс.
За репрезентацијата на Исланд има одиграно 56 меѓународни натпревари и зад своето име има над 730 голови во најквалитетната лига во светот.
Ерланген се наоѓа на претпоследното место во Бундес лигата, на 16 одиграни натпревари успеа да освои само пет бодови, односно запиша две победи и едно реми.