Еден од најбогатите клубови направи нов кикс и се оддалечи од титулата

Екипата на Рапид Букурешт, која за оваа сезона има буџет од околу три милиони евра, се оддалечи од титулата во домашниот шампионат, откако го доживеа четвртиот пораз.

Рапид Букурешт беше поразен на гостувањето кај Глорија Бистрица со 25:22 и после денешниот пораз падна за една позиција подолу на табелата.

Тимот од романската престолнина сега е на 3. позиција со 45 бодови, втора е Глорија Бистрица со 48 бодови, додека литерот ЧСМ Букурешт има 51.

Богатиот проект на Рапид Букурешт во оваа сезона беше елиминиран во групната фаза во Лигата на шампионите.

Глорија Бистрица за следната сезона најави дека ќе има голем буџет, со кој би се вмешала во борба за титулата на домашна сцена.