После вчерашната победа на вториот тим, првиот состав на Еурофарм Пелистер денеска дојде до триумф и против составот на Металург, на контролен натпревар во Маврово, со 28:22.
Победникот беше решен уште во првите 30 минути кога резултатот беше 13:8 во корист на тимот од Битола и тука се виде дека Еурофарм Пелистер е поблизу до победата.
Во вториот дел само беше зачувано водството и зголемено за еден погодок.
В среда тимот на Еурофарм Пелистер игра против Вардар во Супер купот на Македонија, а в петок во Струга ќе има ново одмерување на силите против Металург и тогаш се чека далеку посилен дуел од денешниот.