Денеска во романските градови Питешти и Миовени стартуваше Европското првенство за младинки.
Македонија имаше старт со пораз од Црна Гора, 33-29, а во нашата група Данска, еден од фаворитите за место во завршница славеше против Чешка со десет гола, 36-26.
Србинките водеа на полувреме со Норвешка со 13-11, но на крајот сепак пропуштија сензација и загубија со 27-26.
Тежок пораз за старт на ЕП имаа Хрватките, кои беа поразени со дури 18 голови разлика од селекцијата на Шведска.
Домаќинките Романија имаа победнички старт, а Германија мораше да се помачи за минимален триумф над аутсајдерот Португалија.
ЕП младинки, 1 коло, резултати:
група А
Швајцарија – Холандија 32-27
Хрватска – Шведска 16-24
група Б
Романија – Исланд 41-33
Германија – Португалија 27-26
група Ц
Норвешка – Србија 27-26
Унгарија – Франција 30-29
група Д
Данска – Чешка 36-26
Црна Гора – Македонија 33-29