Eвропскиот првак преголем залак за Ристовска и ЦСКА Москва

Во натпревар од Лигата на шампионите во женска конкуренција, Вајперс Кристијансад триумфираше на гостински терен во Русија против ЦСКА Москва со 32:28.

Московската екипа во ниту еден момент од натпреварот не успеа да им парира на расположените ракометарки од Норвешка.

Вајперс Кристијсансад ја имаше расположената Лунде на голот, како и непогрешливите Гулден и Јерабкова, кои речисии погодуваа без грешка.

Во дресот на ЦСКА Москва солидна партија одигра репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска. Македонската на овој натпревар постигна четири погодоци од шест обиди и беше меѓу главните стрелци во нејзината екипа.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ-ЖЕНИ, РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А 

БУДУЌНОСТ – ЧСМ БУКУРЕШТ 20:28 (9:15)
БРЕСТ БРЕТАЊ – ФТЦ РАИЛ КАРГО одл.
БОРУСИЈА ДОРТМУНД – РОСТОВ ДОН 25:31 (12:17)

ГРУПА Б

ЦСКА МОСКВА – ВАЈПЕРС КРИСТИЈАНСАД 28:32 (13:16)
ЃЕР – МЕЦ 39:30 (20:13)
КРИМ МЕРКАТОР – ОДЕНЗЕ 19:24 (5:15)