Европската ракометна федерација ги објави 16 екипи што ќе играат следната сезона во Лигата на шампионите.
Покрај десетте сигурни учесници меѓу кои и македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, ЕХФ додели шест вајлд-карти.
Специјалните покани одат кај Загреб, Алборг, ПИК Сегед, Монпелје, Колстад и Висла Плоцк, а извисија тимови како Динамо Букурешт, Спортинг Лисабон, Кадетен и Кристијансанд.
Покрај битолчани, во ЛШ сигурни места од претходно имаа Барселона, Келце, Кил, Магдебург, ПСЖ, Веспрем, ГОГ Гудме, Порто и Целје.
Ждрепката ќе биде извршена на 27 јуни, кога Еурофарм Пелистер ќе ги дознае ривалите, а ЕХФ претходно ќе ги објави и шеширите.