Двојна програма за Металари и Николовски – познати судиите за втората рунда во Супер лигата

Натпреварувачката комисија на Ракометната федерација на Македонија ги одреди официјалните лица за натпреварите од второто коло во Супер машката лига.

Двојна програма ќе има за Исмаил Металари и Ненад Николовски, кои ќе го судат езерскиот двобој в сабота, а потоа и мечот во Битола каде ќе гостува Вардар.

Пресметката меѓу шампионот и Пролет им е доверена на Седлоски и Ангелески, додека браќата Илиевски ќе бидат главни на дуелот меѓу Радовиш и Бутел Скопје.

Правдата на дербито во Кавадарци каде гостува тимот на Лазаров, ќе ја делат Митревски и Тодоровски, додека Николов и Начевски ќе судат во Прилеп.

Супер лига, 2 коло, распоред на натпревари:

13/09, 18:00, Еурофарм Пелистер – Пролет (Седлоски/Ангелески)
13/09, 18:00, Тиквеш – Алкалоид (Митревски/Тодоровски)
13/09, 18:30, Охрид – Струга (Металари/Николовски)
14/09, 17:00, Еурофарм Пелистер 2 – Вардар (Металари/Николовски)
14/09, 18:00, Прилеп – Куманово (Начевски/Николов)
17/09, 19:00, Радовиш – Бутел Скопје (Илиевски/Илиевски)