Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од второто коло во Европскиот Куп во женска конкуренција.
Од македонските судии и делегати, работа ќе имаат Методија и Михајло Илиевски, како и Ацо Николовски.
Браќата Илиевски ќе го судат двомечот меѓу босанската Криваја Завидовиќи и холандскиот Јуро Унирек што ќе се игра во Босна и Херцеговина.
Првата средба е закажана за 4 октомври од 19:00 часот, додека реваншот е утредента во истиот термин.
Николовски ќе биде делегат на реванш средбата меѓу српскиот Железничар и австрискиот Штокерау, што ќе се игра на 12 октомври од 19:00 часот во Инџија.