Две промени на регионалниот турнир во Скопје – потврдени сите учесници

Од 28 до 31 август во Скопје во организација на Министерството за Спорт, како и Ракометната федерација на Македонија како технички организатор, ќе се одржи регионален турнир на кој ќе учествуваат најдобрите екипи од Македонија, Србија и Црна Гора во машка и женска конкуренција.

Турнирот ќе се одржи од 28 до 31 август во Скопје, и тоа во машка и во женска конкуренција. Ќе има по четири екипи, две од Македонија и по една од Србија и од Црна Гора.

Иако беше планирано да бидат шампионите, сепак поради клупски европски обврски нема да бидат само шампионите. Па така место Партизан од Белград ќе допатува Војводина, а кај женските наместо Црвена Звезда ќе игра Бор. Но, и вака турнирот е силен бидејќи на него ќе настапат три поранешни европски прваци, и победник во Купот на ЕХФ.

На машкиот турнир ќе играат Еурофарм Пелистер, Вардар, Ловќен (Црна Гора) и Војводина (Србија), а на женскиот турнир ќе играат Ѓорче Петров, Будуќност (Црна Гора), Металург Автокоманда и Бор (Србија).

Натпреварите ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“, a саатниците ќе бидат дополнително познати.