Две македонски екипи на турнир во Бугарија

Кадетските екипи на Еурофарм Пелистер и Младост Богданци ќе бидат дел од турнирот „Атанас Карабељов“ во Бугарија.

Турнирот ќе се одржи од 5 до 7 септември, а покрај македонските екипи ќе играат и бугарскиот Пирин од Гоце Делчев (Бугарија), Верија (Грција), Аватар Брашов (Романија) и Драма (Грција).

Шесте екипи ќе бидат поделени во две групи. Во групата А се Еурофарм Пелистер, Пирин и Верија, додека во групата Б се Младост Богданци, Аватар Брашов и Драма.

По дуелите во групата, ќе има полуфинале по принципот 1А-2Б и обратно, додека третопласираните екипи ќе играат за петто место.

Победниците од полуфиналните средби ќе се борат за првото место и трофејот, додека поразените ќе се соочат во битка за третото место.