Викендов во Женската лига ќе има две дерби средби, а меѓусебе ќе играат првите четири екипи на табелата.
Актуелниот шампион Ѓорче Петров ќе го има најтешкиот испит досега, ќе го пречека амбициозниот Чаир, кој посакува да го запоседне тронот. Двата тима одлично се познаваат, па веројатно нијанси ќе решаваат за победникот од овој натпревар.
Двобојот меѓу Ѓорче Петров и Чаир ќе се игра вечерва во „Христо Батанџиев“ со почеток во 19:00 часот.
Два и пол часа порано, од 16:30, во салата „Круме Кепески“ во Кисела Вода, тимот на Вардар ќе го пречека Куманово, кој минатото коло го доживеа првиот сезонски пораз.
И двата тима се ослабени во однос на минатата сезона, но се чини дека на домашен терен вардарки ќе ја имаат фаворитската улога во однос на кумановки, кои имаа и проблеми со повреди.